Доколку локалните власти не понудат алтернативни локации, грчката Влада од понеделник ќе започне со процесот на изградба на затворените центри

Од:

Ако до крајот на седмицата, локалните власти од островите, префектот и градоначалниците не предложат алтернативни решенија и локации што ќе ги исполнат поставените услови, грчката Влада од понеделник ќе започне со активностите за изградба на затворените центри на островите, рече заменикот министер под премиерот и портпарол на грчката Влада Стелиос Пецас, во однос на несогласувањата што се појавија во изминатиот период меѓу владата и локалната самоуправа.

На денешниот редовен брифинг со новинарите, Пецас рече дека тие се решени да го спроведат владиниот план.

-Во владиниот план е изградбата на затворени центри, постои временскиот рок за кој што се дискутираше, односно до крајот на оваа седмица и од следната седмица ќе бидеме подготвени да продолжиме со изградба, да започнат првите активности во изградбата на затворените центри. Единственото нешто што остана отворено за разговор со локалната самоуправа беше дали тие се во позиција да посочат некои други простори кои би биле соодветни и би ги исполнувале предусловите за изградба на затворените центри, рече Пецас и додаде дека тие ќе направат „сѐ што е потребно за да се заврши владиниот план”.

Според официјалните податоци од грчката Влада, на островите во северниот и источниот дел на Егејското море има над 42 бегалци и мигранти, а локалното население, особено на Лезбос и Самос бара растретување и префрлање во други делови на Грција.

Пецас, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во однос на префрлувањата и враќањата во Турција, рече дека во оваа фаза се концентрирани „на изградбата на затворените центри, на забрзување на процедурите за азил и на враќањата, а не толку многу на пренесувањата во други делови на Грција”. Уште еднаш повтори дека целта на владата е секоја седмица 200 лица кои немаат право на азил да се враќаат во Турција.

-Веруваме дека со процедурата што се спроведува во првите 45 денови по стапувањето на сила на новиот закон за азил, значајно е забрзувањето на процедурите, што значи дека постои еден голем број луѓе кои би можеле да заминат од островите, или затоа што добиле азил и да се упатат кон запад – Атина, Солун Европа или на исток кон Турција, рече Пецас и додаде дека кон крајот на месецот ќе можат да дадат и конкретни статистички податоци.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски