Дојави за бомби во над 130 учиилишта низ Србија

Од:

Утрово на адресите на 134 училишта низ Србија пристигнале дојави за поставени бомби, поради што на голем број ученици им е откажан првиот час, а на некои и целата настава во првата смена.

„Пристигнаа пријави на електронските адреси на 134 основни училишта на територијата на Управата на новосадските училишта, како и во некои училишта во Пирот, Ниш, Бабушница, Власотинце, Лебане и Куршумлија. За безбедност на учениците, училиштата го известиле МВР за заканата и екипи на МВР се на терен“, соопштија од Министерството за образование.

Дојави за бомби имало и во неколку училишта во Нови Сад и во нови Сад.

Како што се наведува, сите директори на основните училишта на територијата на јужнобачката област синоќа добиле известување по електронска пошта, а полицијата ќе изврши увид во објектите.

Поради тоа учениците немаат прв час, а додека не се прегледаат училиштата децата сигурно не можат да одат на училиште. Засега нема повеќе информации ниту од полицијата ниту од Министерството за образование.

„На територијата на училиштето се поставени многу бомби. Патот на човечкото преживување и самоусовршување е погрешен, тој води во ќорсокак, до уништување на се останато, на сè навистина живо. Еволуирајте! Разберете, конечно, што е вашето вистинско значење и место на овој свет!Сфатете дека сте излишни „Вие сте генетско ѓубре кое не треба, ѓубре создадено случајно како резултат на еволутивна грешка, ѓубре што треба да се уништи“, стои во пораката што ја пренесува Новости.

Дојави за бомби добија и сите четири основни училишта во Рума, а идентична е состојбата и во Инџија, Врбас и Стара Пазова.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски