Додик: Во Сараево не јадам, ниту пијам нивна вода, секогаш си носам шише

Од:

Членот на Претседателството на БИХ, Милорад Додик, синоќа изјави дека кога оди во Сараево, не му е сеедно што јаде и пие „бидејќи се плаши дека некој може да го отруе“.

Додик синоќа даде големо интервју за РТРС во кое горе-долу без никакви прашања од водителот одржа едночасовен монолог во кој, меѓу другото, ја истакна својата улога во некои историски настани, а сето тоа е тешко или невозможно да се потврди.

Така, Додик зборуваше за тоа како посредувал во преговорите меѓу НАТО и Србија, во кои, како што наведе, лично побарал од тогашниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ, да направи одредени отстапки кога е во прашање Косово, за да нема НАТО бомбардирање во тогашна СР Југославија.

Тој изјави и дека му се спротивставил на Милошевиќ кога побарал од него да поднесе оставка од функцијата премиер на РС, а опиша и многу други настани што наводно се случиле кон крајот на 90-тите.

Тој продолжи да зборува за тоа како се спротивставил на притисокот врз него од страна на високи американски функционери, кои, како што рече, побарале од него да се согласи со обединети полициски сили во БиХ,  за укинување на името Република Српска и избор на еден претседател на ниво на целата држава. Сето тоа категорично го одбил, како што вели, а потоа почнал да „решава крстозбор среде средба“, пренесува Klix.ba.

„Никогаш не пијам вода во Сараево,  си носам шише“

Но, она што е особено интересно во интервјуто е што кажа Додик од 34. минута од интервјуто.

„Воопшто не ми е сеедно кога одам во Сараево што јадам и пијам. Не треба да бидам наивен ако некој ме изневери и ме отруе таму. Не им ја пијам водата. И денес кога одам во Сараево, шишето е тука, нели? рече Додик покажувајќи кон џебот од јакната.

Решил дека не му е грижа што мисли некој за тоа.

„Таму не јадам, не пијам вода, се враќам во Источно Сараево, појадувам, ручам“, заклучил Додик.

Би можело да ве интересира

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Во куќата на првиот човек на општина Стар Град во Сараево е фрлена бомба

Додик: Ми се закануваат со апсење

Горан Наумовски

Вулин: Во тек е заговор против Србите, сакаат да го уапсат Додик

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во Сараево: Пукање среде град, рането девојка

Додик: Путин го брани суверенитетот на својот народ