Додик: Странците ги понижија Србите

Од:

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик вечерва изјави дека тој не одлучува за прашањето на Косово, но дека на Србите од КиМ им советува во разговорот со раководството на Србија да ги решат сите дилеми кои ги имаат околу бриселскиот договор.

-Мојот однос кон тоа прашање е јасен уште од самиот почеток и тој подразбира дека Србија треба да побара северот на Косово да остане во Србија и да се влезе во рационално објаснување за тоа што би значело доколку Албанците би се вратиле во политичкиот систем на Србија-истакна тој.

Според него тоа е фер решение за меѓународната заедница, бидејќи Србите нема да се чувствуваат понижено.

Тој порача дека странците нема да успеат да изградат мултиетничко Косово, како што не успеаа ниту од БиХ да направат унитарна и централизирана држава.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина