Српскиот член во Претседателството на БиХ и претседател на СНСД, Милорад Додик, изјави дека е убеден дека со политичка волја Советот на министри може да се формира за еден месец.
За бањалучкиот весник „Новине“ тој кажа дека со Драган Човиќ од ХДЗ и Бакир Изетбеговиќ од СДА ги потпишале принципите и се договориле дека во следните неколку дена ќе подготват се за изборот на Советот.
-Во парламентот има простор за одолговлекување, но на СНСД, ХДЗ и СДА им е битно да продолжи европскиот пат, а за тоа ни треба формирање на Советот на министри. Рокот е 30 дена. Ќе видиме, имаме и други начини. Ако не се испочитува договорот, тоа ќе значи дека БиХ влегува во длабока криза, рече Додик.
Запрашан за тоа дали требаше формирањето на властите на ниво на федерални институции да се одлговлекува цели 10 месеци тој кажа дека почитувањето на изборната волја на народот е над секое прашање и дека приказната која била наметната од политичко Сараево е вештачка, бидејќи имале калкулации во врска со создавањето на нивниот широк блок.
-Прво го формиравме Претставничкиот дом на БиХ, меѓутоа, блокадите тргнаа. Тогаш ние, кога видовме дека СДА калкулира, ја блокиравме работата на Претставничкиот дом, а и јасниот став на ЕУ покажа дека не можат да продоложат со блокадите и дека што поброз треба да се формира власта на ниво на институции на БиХ. Европските функционери го поддржаа овој договор, рече Додик.