Додик: Ситуацијата во БиХ – најтешка од времето на Дејтонскиот договор

Од:

Српскиот член на Претседателството на БиХ и лидер на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик, денеска изјави дека сегашната состојба во БиХ е една од најтешките и најделикатните од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор во 1995 година.

Додик по седницата на Извршниот комитет на СНСД рече дека неговата партија ќе го стави Законот за Уставен суд на БиХ во редовна парламентарна постапка, чија примарна цел е да ги разреши странските судии.

Тој информира дека во наредните денови ќе има разговори за предложениот закон со претставници на политичките партии во Република Српска и Федерацијата БиХ.

– Треба да се зачува единството. Ова е една од натешките и најделикатните ситуации за Република Српска по Дејтон, рече Додик.

Според него, со последната одлука на Уставниот суд се задира во имотниот статус на РС со цел, во догледно време, според неговата оценка, да се „почне со елиминација на Република Српска, на нејзиното име и суштина“.

Би можело да ве интересира

Поради внатрешни кавги, БиХ останува без 165 милиони евра помош од ММФ

Ана Ололовска

Во Сараево од Ковид-19 почина истакнат епидемиолог

Ана Ололовска

Повеќе од 700 мигранти во БиХ во изолација поради можна зараза

А1он

Борел: Целосното укинување на таксите е важна одлука

Ана Ололовска

Косовската влада ја укина таксата на увозот од Србија и Босна и Херцеговина

А1он

Четворица новозаразени со Ковид-19 во БиХ

А1он