Додик: Путин не бара ништо, само прашува како може да помогне

Од:

Членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик изјави дека „за 30 години ја гледа Република Српска како независна држава која ќе биде поразвиена и обединета со Србија во одредена државна форма, без лоши намери кон земјите од опкружувањето“, пренесува РТРС.

Тој исто така рече дека е горд на соработката со рускиот претседател Владимир Путин и дека сака да се среќава со него.

„Тој и помогна на Република Српска во многу прашања, при купувањето на нафтената рафинерија во Брод, ставајќи вето во Советот за безбедност на британската резолуција. Сакам да се сретнам со него. Никогаш не бараше ништо од мене, само прашуваше како може да помогне“, рече Додик.

Република Српска според додик е постабилна од кога било, но нејзината независност зависи од низа проценки. Република Српска има своја политика, која е насочена кон зајакнување на мирот, стабилноста, економијата и поддршката за населението.

Би можело да ве интересира

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Путин нареди мобилизација на 150.000 војници

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Путин: Бескрајната река на таленти го прави народот на Русија непобедлив