Додик пред средбата со Вархеји: Не прифаќаме санкции против Русија, без разлика што се очекува од нас

Од:

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека утре во Источно Сараево ќе разговара со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој носи пораки за кандидатски статус на БиХ.

„Рековме дека сакаме, но ова е малку шпекулација. Во секој случај, го почитувам Вархеји и утре ќе разговарам со него“, изјави денеска Додик.

Тој праша која е таа ЕУ што вели дека БиХ може да има кандидатски статус, но нелегалниот висок претставник Кристијан Шмит, како и судиите на Уставниот суд на БиХ ќе останат.

„Кога ја кажуваат вистината, зборуваат за владеење на правото или треба да остане високиот претставник? Тоа ќе го побарам на средбата утре“, изјави Додик.

Тој додаде дека ЕУ е партнер со кој треба да соработуваме, но дека Република Српска нема да прифати воведување санкции против Русија.

„Тоа прашање нема да биде ставено на маса и нема да прифатиме санкции против Русија без разлика што се очекува од нас. Тоа што тие водат војна со Русија, ние не треба да страдаме поради тоа“, рече Додик.

Би можело да ве интересира

Додик: Ми се закануваат со апсење

Горан Наумовски

Вулин: Во тек е заговор против Србите, сакаат да го уапсат Додик

Предраг Петровиќ

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Државјанин на Босна и Херцеговина ограбил џамија во Чегране