Додик повикан на сослушување во Обвинителството на БиХ поради негирање геноцид

Од:

Обвинителството на Босна и Херцеговина го повика српскиот член на Претседателството на БиХ и лидер на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик, на сослушување поради негирање на геноцидот во Сребреница.

Додик вчера ја потврди оваа информација, за време на посетата на Мостар, коментирајќи ја веста дека градоначалникот на Јабланица Дамир Шабановиќ (СДП) поднел кривична пријава против него, бидејќи не се согласил да ангажира хеликоптери на Вооружените сили (ОС) за гаснење на пожар.во подрачјето на Јабланица.

– Секој има право да го стори тоа. Мислам дека јас сум личноста против која има најмногу кривични пријави. Нешто пристигнува секој ден. Гледам дека од Обвинителството на Босна и Херцеговина денеска пристигна покана за сослушување поради наводно негирање геноцид, рече Додик.

Поранешниот меѓународен висок претставник во БиХ, Валентин Инцко, на 23 јули воведе закон со кој се забранува негирање геноцид. Истиот ден, Обвинителството на Босна и Херцеговина објави дека ќе формира случаи против сите оние што ќе го прекршат овој закон.

Националното собрание на Република Српска ја отфрли одлуката на Инцко и донесе одлука српските претставници да не учествуваат во работата на заедничките институции на БиХ, пред се на Претседателството, Советот на министри и Парламентот.

Парламентот на РС, исто така, усвои закон со кој се казнува нарекувањето на Република Српска „геноцидна и агресорска творба“.

Би можело да ве интересира

Додик: Ми се закануваат со апсење

Горан Наумовски

Вулин: Во тек е заговор против Србите, сакаат да го уапсат Додик

Предраг Петровиќ

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Државјанин на Босна и Херцеговина ограбил џамија во Чегране