Додик побара Џаферовиќ да поднесе оставка поради самоволни изјави

Од:

Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик денеска побара оставка од претседателот на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ, предупредувајќи дека доколку Џаферовиќ не поднесе оставка, ќе побара негова смена.

– Ако претседавачот не поднесе оставка до следната седница на претседателството, ќе побарам негова смена, изјави Додик за новинарите во Сараево.

Тој го обвини Џаферовиќ за „самоволни изјави“, а особено го прекори за неговиот неодамнешен говор во Советот за безбедност на ОН, нагласувајќи дека нема одобрение од Претседателството на БиХ и дека ги искажува своите лични ставови.

– Речиси на сите нивоа е видлива една вертикала, која доаѓа од Партијата за демократска акција (СДА) и која од Претседателството на БиХ, односно Министерството за надворешни работи, дејствува надвор од Уставот, надвор од Деловникот“, рече Додик и воедно изрази незадоволство и од работата на министерката за надворешни работи на БИХ Бисера Турковиќ.

Додик изјави дека СДА го „узурпирала“ Министерството за надворешни работи, каде што „умешно го искористиле тоа што ниту еден од шесте водечки луѓе во тоа министерство не е Србин“.

Додик оцени дека од сите партии во БиХ само СДА има одредби во својата програма со кои се прекршува Дејтонскиот договор и дека Џаферовиќ „постапува во согласност со тоа“.

Српскиот член на Претседателството ги обвини Бошњаците дека „сакаат да им угодат на странците од Запад“ со воведување санкции кон Русија, оценувајќи дека е подобро сите во БиХ да задржат неутрален статус во однос на ситуацијата во Украина, особено поради енергетската политика.

Додик, исто така, рече дека БиХ „ќе биде земја на два ентитета и три конститутивни народи, или нема да ја има“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Додик: Ако Трамп победи на изборите, Република Српска би можела да прогласи независност

Катерина Ѓуровски

Додик: Вучиќ ја има мнозинската поддршка од граѓаните во Република Српска

Почнува судењето на Додик, неговите поддржувачи ја опколија судската зграда

Додик верува дека тој ќе биде првиот претседател на независна Република Српска

Додик: Република Српска има поддршка од околу 15 држави да се отцепи од Босна