Додик отворено ја поддржа агресијата на Русија врз Украина

Од:

Членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, отворено ја поддржа руската агресија врз Украина, наведувајќи дека таа е неопходна за заштита на украинските Руси, а во исто време направи споредба со босанските Срби, велејќи дека тие не можат да живеат со муслиманите, па затоа е „природна“ желба да се обединиме со Србија.

– Нашиот стремеж кон Србија е природен. Слична е ситуацијата и со Русите во Украина, од кои во таа земја има 15 милиони, а за кои рускиот јазик е забранет од раководството на таа земја. Затоа и руската специјална операција во Украина се оправдува со заштитата на правата на нејзиниот народ. Така сме и ние овде – не можеме да имаме заеднички училишта, заеднички учебници со муслиманите, изјави Додик за руската новинска агенција ТАСС.

Додик и претходно безрезервно ја поддржуваше политиката на Москва со тоа што се спротивстави на воведувањето санкции против Русија, но сега првпат недвосмислено да ја оправда агресијата врз Украина.

– Ние многу добро разбираме дека борбата на Западот против православието никогаш не престана. Таа борба беше лајтмотив на сите кампањи и во суштина имаше единствена цел, да ја преземе контролата врз богатото снабдување со природни ресурси на Русија. Поради оваа причина, и Наполеон и Хитлер дојде во Русија, а и денешниот Запад сака да доминира на овие пространства, наведе Додик.
Тој одговарајќи на прашањето за можното отцепување на Република Српска од БиХ, истакна дека тоа останува целта, а за нејзина реализација во Бања Лука само се чека вистинскиот момент.

Додик утре во Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Додик: Ми се закануваат со апсење

Горан Наумовски

Вулин: Во тек е заговор против Србите, сакаат да го уапсат Додик

Предраг Петровиќ

Додик: Путин го брани суверенитетот на својот народ

Додик го слушна обвинението: Измислица на обвинителството за политички притисок, фактите немаат врска со мене

А1он

Додик ја објави својата кандидатура за претседател на Република Српска за следниот мандат

Додик по посетата на Џејмс О’Брајан: Го познавам кога седеше зад врата на состаноци, сега нешто полуде