Додик: Ниту САД не можат да ја спасат Федерацијата БиХ од распаѓање

Од:

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, предупреди дека ниту американската администрација не може да ја промени состојбата во Федерацијата Босна и Херцеговина, која „се распаѓа во некој вид на политичко гниење“.

Додик укажа дека ниту САД со последните интервенции не можат да го променат федералниот Устав, бидејќи станува збор за процес, со кој од Федерацијата е исклучен еден конститутивен народ – Србите.

– Исклучувањето на еден конститутивен народ, во овој случај српскиот од федералните уставни промени, говори за правнита намери на авторот на тој проект. Тука станува збор за правење на противуставен и антидејтонски пакет промени на Уставот на Федерацијата, кој не го почитува принципот на конститутивноста, рече Додик.

Тој смета дека вмешувањето на американскиот амбасадор Патрик Мун во реформите на Уставот на БиХ не е добро за вкупната политичка состојба во Босна и Херцеговина.

Мун иницираше формирање на експертски тим, кој предложи начини за реконструкција на Федерацијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) На плоштадот Краина во Бања Лука се одржува голем народен митинг „Србија те вика“

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина