Додик: Нема да одговорам на повикот на обвинителството, обидот за мое апсење ќе води кон распад на БиХ

Од:

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, денеска изјави дека нема да одговори на повикот на обвинителството во земјата да ја објасни изјавата за негирање на геноцидот и потврди дека секој обид за апсење или гонење на луѓе, според новиот законот, ќе доведе до распад на земјата.

-Немам намера да одговорам, ниту на нив, ниту на некој друг, но имам намера да одам во Сараево. Навистина ме интересира како ќе се однесуваат, рече Додик денеска за Радио Телевизија Република Српска (РТРС).

Додик оваа недела потврди дека добил покана од Обвинителството на БиХ да ја објасни изјавата со која го негира геноцидот во Сребреница, што стана кривично дело откако беше наметнат со измени во законот, од страна на високиот претставник во заминување, Валентин Инцко.

Српскиот член на Претседателството на БиХ и лидер на владечаката СНСД во ентитетот Република Српска, оцени дека вистинската цел на Инцко е да создаде раскол и поделби.

-Ние не го признаваме тој суд, не ги признаваме нивните активности. Никогаш нема да ги признаеме и ако сметаат дека имаат толкава моќ, нека дојдат да не уапсат. Веднаш нека тргнат, додаде Додик.

Тој најави дека властите на Република Српска ќе го спречат гонењето на секој граѓанин на Република Српска што го негира геноцидот.

Во случај да почне судско гонење на Србите според новиот закон, Додик рече дека тоа ќе доведе до „след на настани што ќе доведат до распад на БиХ“.

-БиХ не може да живее на овој начин на кој Бошњаците се радуваат затоа што имаат висок претставник кој работи исклучиво против Србите, рече српскиот член на Претседателството на БиХ.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Додик: Ми се закануваат со апсење

Горан Наумовски

Вулин: Во тек е заговор против Србите, сакаат да го уапсат Додик

Предраг Петровиќ