Додик: Го почитуваме територијалниот интегритет на Украина, но РС не е подготвена да воведе санкции кон Русија

Од:

Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик изјави дека Република Српска го почитува територијалниот интегритет на Украина, повикува на мир, но не е подготвена да воведе санкции кон Русија.

„Ние не сме подготвени Русите, каде и да се, да ги направиме цел на прогон, како што тоа го прават некои на Запад, покажувајќи го својот фашистички начин и конфискувајќи ги имотите на луѓето, прогонувајќи ги сите што се Руси, дури и децата во градинките. Јас сум против тоа и на тоа ќе останам, изјави Додик пред новинарите во Бјелина.

Тој оцени дека политичарите во Сараево сакаат да го надминат она за што тој се залага, а тоа се моментален крај на војната, воспоставување мир и преговори.

Коментирајќи ја оценката на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ Кристијан Шмит, кој вчера изјави дека има чувство дека „Додик се губи во ставовите и дека би било подобро да не зборува неколку дена и да размислува“ во врска со украинската криза, Додик рече дека Шмит е „човек чиј став не е ниту важен ниту релевантен“.

– Одамна не го следам тој лик.Тој е на ниво на ништо и неговиот став воопшто не ми е важен или релевантен.Не е он тој што одредува што е чиј став, ниту некој за кого сум подготвен да го разберам или поддржам, изјави српскиот член на Претседателството на БиХ

Тој повтори дека за него Шмит е „човек кој лажно се претставува како висок претставник во БиХ“, додавајќи дека сè што вели „останува со призвук – лажно, испрати понатаму“.

„Предложивме да заземеме неутрална позиција за украинската криза бидејќи мислиме дека тоа е добро и за муслиманите и за Хрватите. И украинскиот и рускиот народ ни се блиски и не можеме да правиме никаква диференцијација овде, барем што се однесува на нас, рече Додик.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин

ВИДЕО: Русија жестоко нападна неколку украински градови, најтешко погоден Харков

Катерина Ѓуровски