Додик: БиХ не е во статус кво, туку во распаѓање

Од:

Српскиот член на претседателството на БиХ, Милорад Додик, изјави дека тоа што претседателот на СДА, Бакир Изетбеговиќ, постојано ја негира уставната структура и настојува да ја уништи Република Српска, всушност претставува вовед во уништувањето на Босна и Херцеговина.

По повод изјавата на Изетбеговиќ дека ќе оддржува „статус кво“ бидејќи не ја сака партијата СНСД во Советот на министри се додека не сфатат, како што вели, дека ентитетите не можат да командуваат со државата, Додик истакнува дека БиХ не е во статус кво, туку во стагнација и распаѓање, пренесе РТРС.

-Тоа распаѓање никој не може да го спречи. Изјавата на Бакир за визијата на БиХ е таква во неа да ја нема Република Срспка, бидејќи вели дека нема нас ентитетите да ни командуваат, туку некој друг. Кој друг? Алах ќе уредува, а не реалниот политички договор, рече Додик, пренесен од РТРС.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) На плоштадот Краина во Бања Лука се одржува голем народен митинг „Србија те вика“

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина