Додик: БиХ не добива ништо со кандидатскиот статус за членство во ЕУ

Од:

Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска оцени дека одлуката на лидерите на земјите од Европската Унија да и доделат кандидатски статус на Босна и Херцеговина за членство во ЕУ „не добива ништо затоа што истата приказна продолжува со зголемен притисок“ од Западот.

– Постојано ни велеа дека кога ќе дојдеме до кандидатски статус, ќе се реши прашањето за високиот претставник, странските судии во Уставниот суд на Босна и Херцеговина, но сè останува како механизам за притисок, рече Додик во гостувањето на белградската ТВ Прва.

Тој наведе дека со тоа се уриваат и европските стандарди бидејќи ЕУ „не прифаќа земји кои се во статус на протекторат“.

Прашан за војната во Украина и односите со Русија, Додик рече дека не е корисно РС да се откаже од еден важен гарант на Дејтонскиот договор, потсетувајќи дека Москва е еден од нејзините гаранти.

– РС останува во добри односи со Русија и ќе продолжи да ги зајакнува, рече Додик и додаде дека не го интересира ако Западот ја гледа оваа намера како лоша.

– Мораме да останеме во контакт и со едните и со другите, потенцира претседателот на РС.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина