Додик: Бајден провоцира

Од:

Честитките што ги испрати американскиот претседател Џо Бајден до членовите на Претседателството на БиХ по повод 25 ноември, кој се слави како Ден на државноста на БиХ, се своевидна провокација, изјави лидерот на босанските Срби, Милорад Додик.

Еден ден откако Претседателството на Босна и Херцеговина доби честитка од Вашингтон по повод Денот на државноста, во која американскиот претседател истакна дека САД силно го поддржуваат интегритетот и суверенитетот на Босна и Херцеговина, Додик реагираше коментирајќи дека ова не е ништо друго освен некаква провокација.

„Сите вработени во американската амбасада знаат дека 25 ноември не е празник на Босна и Херцеговина“, изјави Додик, цитиран од локалните медиуми.

Босна и Херцеговина го слави Денот на државноста на 25 ноември како национален празник, на денот кога на седницата на Националниот антифашистички совет (ЗАВНОБиХ) во 1943 година беше потврдена државноста на Босна и Херцеговина како идна федерална единица во рамките на социјалистичка Југославија.

Би можело да ве интересира

Додик: Ми се закануваат со апсење

Горан Наумовски

Вулин: Во тек е заговор против Србите, сакаат да го уапсат Додик

Предраг Петровиќ

Бајден: Да ја заштитиме Украина од месарот Путин

Бајден: Само еден претседателски кандидат е ментално неспособен, тоа не сум јас

Катерина Ѓуровски

Бајден собра повеќе од 53 милиони долари за неговата кампања во февруари

Бајден ги критикуваше психичките способности на Трамп