До Квон уапсен во Црна Гора, обвинет за кражба на милијарди во криптовалути

Од:

Еден од најбараните светски бегалци е уапсен во Подгорица, соопшти црногорскиот министер за внатрешни работи Филип Аџиќ.

„Црногорската полиција приведе лице осомничено дека е еден од најбараните бегалци, јужнокорејскиот државјанин До Квон, ко-основач и извршен директор на Тераформ Лапс со седиште во Сингапур“, напиша Аџиќ.

„Поранешниот „крал на криптовалутите“, кој стои зад загуби од повеќе од 40 милијарди долари, е приведен на аеродромот во Подгорица со фалсификувани документи, а по него трагаат Јужна Кореја, САД и Сингапур“, напиша Аџиќ, додавајќи дека официјалната потврда се чека неговиот идентитет.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Новиот црногорски претседател ја презеде функцијата

Новиот црногроски претседател денеска ја презема должноста

Маж од Улцињ со глисер уби нуркач

Будва воведе ново правило за туристите: Внимавајте, казната е 200 евра

Ана Ололовска

Се затресе тлото на Црна Гора

Горан Наумовски

Откриени шокантни детали за измамата во Црна Гора: Жената која украде 1,3 милиони евра работела за криминална група од регионот