Дитман: Опасни изјавите за промени на границите на Балканот

Од:

Германскиот амбасадор во Србија, Аксел Дитман истакна дека сите изјави, кои имаат цел менување на границите на Балканот се опасни и оти Германија тоа нема да го прифати.

– Тоа јавно го кажувам и тоа е став на ЕУ, изјави Дитман во интервју за „Новости“ и порача дека е важно сите страни да ги намалат тензиите и да тргнат понатаму.

Тој истакна дека помирувањето останува важен предизвик во регионот и оти Србија во тој поглед покренала важни иницијативи и дека Берлин земјата ја гледа како централна држава и фактор на стабилност.

Дитман одговарајќи на прашање за благата реакција на Германија и ЕУ во врска со изјавите за големоалбанските аспираци нагласи дека одредени изјави не биле корисни.

– ЕУ на нив реагираше, но доколку се продолжи со коментирање на коментари се влегува во бескрајна спирала, смета Дитман.

– Важно е сега сите страни вербално да деескалираат. Сега е момент да се оди понатаму и да се намалат тензиите, додаде тој.

На прашањето зошто нема санкции против политичарите во Приштина и Тирана, кои даваат опасни изјави, Дитман рече дека сега е важно да постои конкретна соработка со цел стабилизација и соработка во регионот и да се гледа на иднината.

– ЕУ ја поддржува соработката во рамки на Берлинскиот процес, на пример со големи инфраструктурни проекти. Србија покрена важна иницијатива во рамки на Берлинскиот процес, тука е и иницијативата на српскиот и албанскиот премиер за воспоставување мрежа на млади. Србија изнесе и добри предлози за економска соработка во регионот, нагласи Дитман за „Новости“.

Тој истакна дека е мошне задоволен што српската страна мошне јасно изјавила дека е определена што е можно поскоро да продолжи дијалогот за нормализација на односите со Приштина и оти се надева дека тоа наскоро и ќе се случи и оти ќе се говори за отворените прашање, меѓу кои и за Заедницата на српските општини.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ