Директорот на словенечката полиција поднесе оставка

Од:

Генералниот директор на словенечката полиција Јанко Горшек поднесе оставка. На функција ќе биде до 1 октомври, а потоа на негово место ќе биде назначен сегашниот заменик Карол Турк.

Горшек на прес-конференција вчера изјави дека поднесува оставка по средба со министерот за внатрешни работи Винко Горенак на која имало „одреден степен на несогласување“ за идните промени во полицијата кои според него, не се добри за полицијата.

Горшек беше назначен за директор на полицијата за време на претходниот премиер Борут Пахор во 2009 година.

Во последно време во неколку јавни изјави тој укажуваше за политички влијанија при криминални истраги на полицијата и за можноста за смена на функцијата. Поранешните министри за внатрешни работи и за правда наведоа дека оставката во Брисел дава „лош имиџ и не е добра за државата“.

Би можело да ве интересира

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он

Семејство и двајца водичи се спасени од пештера во Словенија, беа „заробени“ три дена

Горан Наумовски

Спасувачките служби објавија фотографии од пештерата: Познати нови детали за спасувањето

А1он