Директорка на новосадска телевизија стапи во штрајк со глад

Од:

Директорката на новосадската телевизија Канал 9 Маја Павловиќ започна штрајк со глад, бидејќи и покрај ветувањата, надлежните ниту после година не направиле ништо за да се решат проблемите кои оневозможуваат функционирање на телевизијата.

Таа и минатата година девет дена штрајкуваше со глад, откако српското претпријатие за радиодифузни техника и врски го згасна сигналот на Канал 9 поради наводен долг од 2,5 милиони динари.

Таа тврди дека и натаму стојат споровите пред судовите, дека одделни фирми ги раскинале договорите со Канал 9, како и дека не е одговорено на ниту една нејзина молба за средба со министерот за образование, наука и технолошки развој Младен Шарчевиќ.

Павловиќ вели дека штрајкот со глад нема да го запре се додека не се сретне со премиерката Ана Брнабиќ.

Таа воедно ги повика сите кои сметаат дека Србија не е правна држава и дека медиумите во земјата не се слободно, да и се придружат во штрајкот со глад.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Медиуми: Ќе биде сослушана и мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Орце Костов

Како убијците на Данка го признале делото: Возачот зборувал на влашки, соучесникот веднаш кажал што се случило