Димитров: Разговорите за спорните моменти од историјата ќе бидат тензични, но очекуваме резултати

Од:

Разговорите меѓу Бугарија и Македонија за спорните моменти од заедничката историја ќе бидат тензични, но очекуваме да постигнеме резултати, изјави професорот Ангел Димитров, кој е претседател од бугарска страна од заедничката експертска комисија за историски и образовни прашања со Македонија.

– Работата ќе биде тензична и нема да се одвива брзо колку што сакаме, но со очекувања да постигнеме резултати. Нема големи претензии од страна на колегите од Скопје, нашите забелешки се повеќекратни, но има изградени позиции кои во научната дискусија не се менуваат лесно, изјави за почетокот на преговорите Димитров кој е историчар и поранешен амбасадор на Бугарија во Скопје.

Комисијата започнала со разгледување на учебниците за основно образование.

– Овие учебници ја разгледуваат историјата од антиката и средниот век. Нашите забелешки беа концентрирани врз средновековието каде се создава врската на бугарската држава со географската територија на Македонија. Промената е комплексна, ги прегледав и учебниците за гимназија и за новото време ќе имаме уште посериозни разминувања, додава Димитров во изјавата за БТВ.

Според него, и покрај разидувањата има и теми за кои има консензус. Тој како пример го посочува Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија, кој, како што вели, веќе дава резултати.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит