Шефот на делегацијата на ЕУ во Србија, Венсан Дежер изјави дека европскиот комесар за проширување Штефан Филе денес и утре ќе престојува во Белград, во знак на поддршка на процесот за евроинтеграциите.
-Филе денес и утре е во посета на Белград, за да пружи поддршка и да го охрабри продолжението за одвивање на процесот во добар правец-изјави тој.
Како што истакна бриселскиот договор е одлична вест, која што ја препозна и Европската комисија во извештајот, препоручувајќи почеток на преговорите со Србија и министрите за надворешни работи на државите членки на ЕУ, на состанокот во Луксембург.
-Бидејќи работите се движат во добар правец, ЕУ го држи својот збор и процесот напредува-истакна Дежер.
Елена Георгиевска