Дежер: Да започне примена на договорот

Од:

Шефот на делегацијата на ЕУ во Белград, Венсан Дежер изјави денес дека мора да се види дека започна да се применува договорот за нормализација на односите помеѓу Србија и Косово.

Според него тоа ќе ги увери државите чии официјални лица и парламент треба да се изјаснат за почеток на преговорите на Србија за приклучување во ЕУ.

Дежер наведе дека постојат низа прашања за кои треба да се разговара, како што се задницата на општините, правосудството и полицијата.

-Треба да се види дека започна процесот на интеграција. За тоа се потребни повеќе месеци, но треба да видиме како се движи, дали сите прашања одат во добра насока и дали продолжуваат разговорите-напомена тој.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија