Девојка по име Соња тврди дека му е вонбрачна ќерка на Ивица Дачиќ

Од:

На претседателот на српскиот Парламент и лидер на Социјалистичката партија, Ивица Дачиќ, му стигнала имејл порака во кој млада жена која се претставува како Соња, тврди дека му е вонбрачна, непризнаена ќерка на политичарот.

Наводно 20-годишната девојка, во писмото испратено до кабинетот на Дачиќ, вели дека има и брат. Бара од политичарот да ги признае како свои деца, да плаќа алиментација, во спротивно заканувајќи се со тужба.

„Почитуван господине Дачиќ, јас сум Соња, ваша ќерка од првиот брак. Ве молам да признаете дека мојот брат сме ваши деца или ќе ве тужам за штетата која ми ја нанесовте мене и на мојот брат, лажејќи сиве овие години. Не ме интересира со кого сте и што правите, но одговорни сте да ме гледате мене и мојот брат и јас ќе барам да ни плаќате алиментација и отштета на мојата мајка која плачеше 20 години затоа што ја оставивте и се уште не се разведовте,“ пишува наводната ќерка на Дачиќ.

Српските медиуми пишуваат дека со пребарување на нејзиното име на Гугл и на социјалните мрежи, се добиваат резултати од 44-годишна жена.

Кусо коментирајќи го случајот, Дачиќ рече дека му е жал кога гледа што се подготвени да прават некои луѓе, само за да добијат внимание во јавноста.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов