Девојчиња повредени во несреќата на железничката станица во Нови Сад починаа во болница

Од:

Девојчињата Тина (9) и Сара (5) кои вчера беа повредени на железничката станица во Нови Сад, како што пренесуваат српските медиуми, им подлегнале на повредите.

„И двете починаа, ги нема“, изјавил за српски „Курир“ – Бранко Матиќ, дедо на девојчињата.

„За внуките најпрвин доцна синоќа не известија дека се во тешка состојба, но живи. Потоа… околу три часот утринава ни кажаа дека не издржаа ниту тие. Ние починавме. Мојата сопруга се онесвести четирипати “, рече дедото Бранко за „Вечерње новости“.

Ова семејство вчера доби страшна вест кога им соопштија дека починал дедото на девојчињата од Нови Сад, со кого го чекале возот.

Од тој момент сите во солзи чекаа пред Ургентниот центар во Нови Сад, чекајќи вести за Сара и Тина.

За потсетување, вчера околу пладне се урна настрешницата на Железничката станица во Нови Сад.

Во моментот кога падна настрешницата, голем број луѓе седеа на клупите долу и го чекаа времето за поаѓање до нивната дестинација

Бројот на починати се искачи на 14.

Би можело да ве интересира

Српската Влада досега објави повеќе од 140 документи за реконструкција на железничката станица во Нови Сад

А1он

(ВИДЕО) Студенти ја окупираа зградата на Ректоратот во Нови Сад

ВИДЕО: Опозицијата ја блокира полициската управа во Нови Сад

Маж падна од тераса во Нови Сад, почина на лице место

А1он

Градоначалникот на Нови Сад останува на функцијата

А1он

(ВИДЕО) Учесниците на митингот организиран од опозицијата се обидуваат насилно да влезат во Собранието на Нови Сад

Горан Наумовски