Девојче од Дом за незгрижени деца во Белград принудувано на проституција, се породила пред месец дена

Од:

На предлог на Вишото јавно обвинителство во Белград, судот им одреди притвор на Т.Ј.(20) и Ф.Т.(20), кои се осомничени дека ја принудиле малолетната жртва на проституција заедно со М.С.(20), која е во бегство , од февруари до јуни годинава искористувајќи ги нејзините тешки животни околности, прво доведување во заблуда, а потоа и употреба на сила и закани.

Притворот им е одреден за да не влијаат врз сведоците и за краток период да не го повторат делото, потврдија во обвинителството, пренесува „Новости“.

Тие беа сослушани вчера во обвинителството, по што беше предложен притвор.

Осомничените Т.Ј. (20), Ф.Т. (20) и М.С. (20) се обвинети за кривично дело трговија со луѓе за кое е предвидена казна затвор од најмалку пет години.

Т.Ј. на рочиштето во суштина ги признала делата на извршување на кривичното дело за кое се товари, додека Ф.Т. негираше и ја изнесе својата одбрана.

Според информации, жртвата се породила пред еден месец, а татко на детето е осомничениот М.С. кој е во бегство.

Жртвата е на возраст од 16 години и е жител на дом за незгрижени деца.

Осомничените и припишале непостоечки долгови што треба да ги врати, ја принудиле на проституција и и ги одзеле сите пари.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Маж од Белград на сила принудувал девојка да скокнат заедно од зграда

Горан Наумовски

Пијан маж во Белград со нож и секира им се заканувал на сопругата и на синот

ВИДЕО: Во Белград ќе има нови избори

Катерина Ѓуровски

Во Белград со нож убиен српски репрезентативец

Горан Наумовски

Уште седум деца се примени на ВМА поради труење со алкохол

Горан Наумовски