„Destination Greece Health First“ –меѓународна кампања на Министерството за туризам и грчката национална туристичка организација

Од:

„Destination Greece Health First“ (Дестинација Грција, прво здравјето) е мотото на новата меѓународна кампања на Министерството за туризам на Грција и грчката национална туристичка организација за безбедноста на туризмот во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Во половина минутното видео, пораката е дека зад секое идеално искуство на туристите во Грција, постои комплетен протокол за безбедност.

Целта на кампањата, презентирана од министерот за туризам на Грција Харис Теохарис и генералниот секретар на грчката национална туристичка организација Димитрис Фрагакис е на посетителите да им понуди информации за нивната безбедност.

-Во првата фаза, за време на кризата, нашата земја со „Greece From Home“, остана жива во срцата на луѓето кои сакаат да ја посетат. Во втората фаза, со кампањата „Endless Greek Summer“, потсетуваме дека грчкото лето, реално, не завршува никогаш. Сега ја презентираме кампањата „Destination Greece Health First“, која на туристот му дава можност да се информира и да донесе клучна одлука да дојде во нашата земја. Тоа е кампања за поддршка на клучната одлука дали да се патува и каде, рече министерот за туризам на Грција.

-Започнуваме одново и суштински една голема меѓународна кампања за нашата земја во странство. Заедно со Министерството за туризам решивме да создадеме кампања во срцето на проблемот со кој се соочува светскиот туризам, кампања што ќе се однесува на здравјето, рече генералниот секретар на грчката национална туристичка организација.

Заедно со спотот, беше промовирана и интернет страницата greecehealthfirst.com, на која туристите кои планираат да патуваат за Грција може да најдат корисни информации околу патувањето, безбедноста, совети и упатства доколку имаат симптоми на Ковид-19 и сл.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски