Десетдневен карантин за туристите што ќе добијат позитивен резултат при тестирање во Грција

Од:

Десетдневна изолација во хотелите карантин предвидено е за туристите во Грција, доколку бидат тестирани и добијат позитивен резултат, согласно новите, ажурирани упатства на Националната организација за јавно здравје на Грција во однос на карантинот на позитивни случаи и нивните блиски контакти.

Поконкретно, доколку посетителот е позитивен и не е потребна хоспитализација, тогаш се сместува во некој од хотелите за карантин.

За завршување на изолацијата, без разлика дали лицето е вакцинирано или не или дали има прележано Ковид-19, во случај да е асимптоматско, потребно е да поминат десет дена од тестирањето, или десет дена и три дена без температура, во случај да има симптоми, како и негативен резултат од брз тест и за двата случаи.

Овие правила и упатства не се однесуваат на зараза со некоја од мутациите на Ковид-19, каде што се следат специјални протоколи.

Во однос на туристите во Грција кои се блиски контакти на заразеното лице, во карантин влегуваат доколку се невакцинирани или немаат прележано Ковид-19.

Како што пишува во упатствата на Националната организација за јавно здравје на Грција, за „укинување на карантинот на блиските контакти на туристите, кои беа дијагностицирани како случаи на Ковид-19 на влезните точки или за време на нивниот престој во земјата“, потребно е да поминат седум дена во карантин од последниот контакт со потврдениот случај и на седмиот ден да имаат негативен резултат од молекуларен тест или пак да останат 14 дена во карантин без да се тестираат.

Целосно вакцинираните или оние кои во претходните шест месеци биле заразени, доколку се близок контакт на заразено лице се ослободени од карантин, но потребно е да направат молекуларен тест.

Би можело да ве интересира

Правилата за влез на македонските граѓани во Грција остануваат исти и во следите две седмици

Македонските граѓани ќе влегуваат во Грција под истите услови како и во претходниот период

Постепено се отвораат Универзитетите во Грција

Три од десет случаи на Ковид-19 во Грција се кај деца од 4 до 18 години

Катерина Павлова-Николовска

Грчката полиција нема да ги апси просветните работници по тужби од родители кои не веруваат во Ковид-19

Во Грција секоја седмица ќе се објавуваат податоци за случаи на Ковид-19 кај учениците