Десет тони керозин истекоа од превртен воз во Словенија

Од:

Товарен воз излета од шините и се преврти кај место Храстовље во југозападна Словенија, во близина на словенечко-хрватската граница, при што од вагоните истекле околу 10.000 литри керозин.

Припадници на словенечката железница и пожарникари повеќе часови се обидувале да го спречат истекувањето на керозинот, поради стравувањата дека горивото би можело да продре до подземните води и да предизвика штети врз животната средина.

Железничката композиција од шест вагони сообраќала на релација од пристаништето Копер до Љубљана, а крајната дестинација на керозинот бил германскиот град Минхен.

Причините за несреќата засега не се познати.

Словенечките медиуми посочуваат дека возот излетал од шините во близина на месноста Рижан, каде што се наоѓа најголемиот извор на вода за пиење за населените места во словенечкиот дел на полуостровот Истра.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он