Депортирани 32 имигранти од Грција

Од:

Грција продолжува со политиката на депортирање на странски државјани од различни националности.

Во денешната полициска операција, депортирани се 28 Пакистанци, еден државјанин на Бангладеш, двајца Алжирци и еден државјанин на Египет.

Против нив се издадени решенија за депортација поради незаконски престој во Грција.

Трошоците за депортирањето ќе бидат на сметка на европскиот фонд.

Незаконската имиграција се претвори во сериозен проблем за Грција, која веќе петта година е во рецесија, а криминалот се зголемува со брзо темпо.

Во Грција има околу 1,5 милиони легални и нелегални имигранти. Крајнодесната грчка партија „Златна зора“, која веќе е парламентарна сила, повикува да бидат депортирани сите имигранти

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски