Денеска истекува рокот кога Ѓукановиќ треба да го соопшти името на мандатарот

Од:

Денеска истекува рокот до кога претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, треба да го соопшти името на мандатарот за состав на новата влада, по предлог на 41 пратеник.

Доколку на Ѓукановиќ не му биде доставен предлог за мандатар, најверојатно ќе побара скратување на мандатот на парламентот.

Партиите кои го формираа мнозинството по изборите на 30 август 2020 година и по седум средби не ги усогласија ставовите за мандатар и распределбата на функциите во новата влада, но последниот обид за договор ќе следи денеска.

Еден од лидерите на Демократскиот фронт (ДФ), Андрија Мандиќ свика средба за денеска во 10 часот во Собранието на Црна Гора. Во пресрет на средбата, сите погледи се вперени во Граѓанското движење (ГП) УРА, откако иницијаторот на разговорите Мандиќ вчера соопшти дека алијансата го прифаќа нивното барање идната влада да се формира на паритетна основа – половина од членовите да бидат од редовите на ГП УРА, а другата половина да ја сочинуваат другите партии и оти кандидатот за мандатор Миодраг Лекиќ има „златен глас“, пренесува Бета.

УРА не се изјасни, но не се изјаснија ниту Демократите на Алекса Бечиќ.

Мандиќ вчера во своето обраќање до јавноста рече дека не ја губи вербата во договор на „старото мнозинство“ и оти очекува 41 пратеник да го потпишат предлогот Миодраг Лекиќ да биде кандидат за мандатар и оти за ова денеска ќе го извести претседателот Мило Ѓукановиќ.

Уставот не предвидува што ќе се случи доколку не биде предложен мандатар, но извесно е дека тоа би довело до вонредни избори кои можат да се распишат само доколку се распушти собранието или му се скрати мандатот.

Доколку не го достават името на мандатарот, се очекува Ѓукановиќ да побара скратување на мандатот на собранието. Конечната одлука за скратување на мандатот на собранието ја носат пратениците, со 41 глас „за“. Доколку одлуката биде усвоена, според член 92 од Уставот, Ѓукановиќ треба да распише предвремени избори првиот ден по распуштањето на собранието.

Доколку Ѓукановиќ, пак, предложи мандатар и ако тој не биде избран во рок од 90 дена, парламентот ќе се распушти. Во тој случај, Ѓукановиќ ќе распише избори следниот ден по распуштањето на собранието.

Црногорскиот претседател изминатите денови неколку пати најави дека во парламентот „нема расположение“ за формирање нова влада и оти е пореално да се оди на организација на избори.

Ѓукановиќ моментално е во Лондон, каде денеска ќе присуствува на погребот на британската кралица Елизабета Втора, која почина на 8 септември.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора