Денеска е мирно во Косово

Од:

На северот на Косово утрово е мирно по вчерашниот конфликт кога граѓаните се обидоа да го спречат упадот на косовската полиција во општинските згради во Зубин Поток, Лепосавиќ и Звечан.

Во штабовите на сите четири општини со мнозинско српско население на северот на Косово, од вечерва се сместени припадници на косовската полиција и специјални сили.

Полицијата е распоредена и околу општинските згради, а распоредени се и возила за разбивање демонстрации.

Патиштата на северот се проодни, како и административните премини кон централна Србија, па сообраќајот се одвива нормално.

Во петокот, откако граѓаните на северно Косово се обидоа да ја спречат полицијата да влезе во општинските простории во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, дојде до судири, во кои полицијата употреби солзавец, чад и шок бомби.

Во таа прилика беа повредени неколку Срби, а косовската полиција влезе во општинските згради и во нив внесе градоначалници Албанци.

Насилниот влез на полицајци во општинските згради го осудија земјите Европската Унија, КФОР и ЕУЛЕКС, барајќи „итно прекинување“ на насилните акции на Приштина. Особено остри осуди доаѓаат и од САД.

Би можело да ве интересира

Германија: Целосна имплементација на Охридскиот договор и формирање на ЗСО

Зголемен увоз од Северна Македонија во Косово, по мерките на Приштина против Србија

(ВИДЕО) Натпреварот Романија – Косово прекинат, па продолжен поради скандирање: „Косово е Србија“

Горан Наумовски

Словенија и Италија го повлекоа чипсот од Косово: „канцероген е“

Косовските специјалци насилно влегоа во просториите на фабриката за алат „Лола“

Уапсен Демири во Косово – обвинет за убиството кај Смилковско

Анита Петровска Рајковиќ