Дендиас: Со Северна Македонија да се согласиме за правилно толкување на Договорот од Преспа

Од:

Северна Македонија треба да ги почитува обврските и правилно да го толкува Договорот од Преспа, порачува министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во интервју за грчкиот весник „Катимерини“.

– Во однос на Владата на Северна Македонија јасно е дека треба строго и точно да се придржуваат до обврските што произлегуваат од Договорот од Преспа. Во ова е вклучено и точното толкување, бидејќи секој правен текст, па дури и најкомплетниот и најдеталниот правен текст има простор за толкување. Сакаме да се согласиме со Владата на Северна Македонија за правилно толкување на договорот. Да ги решиме проблемите со производите. Да ги заштитиме интересите на грчките бизниси на позитивен начин за целиот регион. Да се почитува се што е предвидено за прашањата на културното наследство на античка Грција, вели Дендиас.

Како што jави дописничката на МИА од Атина, министерот за надворешни работи на Грција денеска е во Луксембург, каде што ќе учествува на Советот за надворешни прашања на ЕУ.

Утре, шефот на грчката дипломатија заедно со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција ќе учествуваат на Советот за општи работи на Унијата, а дискусијата ќе се фокусира на подготовката за претстојниот Совет на ЕУ на 17 и 18 октомври. Особен акцент за време на утрешниот состанок ќе биде ставен и на европската перспектива на Северна Македонија и Албанија.

Би можело да ве интересира

„Macedonia the GReat“ колективна трговска ознака за производите од грчката област Македонија

Нападнати тројца фоторепортери на студентскиот протест во Атина

Заев ќе разговара со Мицотакис за Преспанскиот договор, НАТО и ЕУ

Ана Ололовска

Од грчките острови Лезбос и Хиос пренесени 347 бегалци и мигранти во Атина

Ана Ололовска

Пожар на јахта закотвена на атинска марина

Ана Ололовска

Ципрас: Сакам да верувам дека Европа многу бргу ќе ја сфати грешката со Северна Македонија

Ана Ололовска