Дендиас од Албанија: Подготвени сме да помогнеме на кој било начин

Од:

Поддршка, солидарност и сочувство за Албанија и албанскиот народ изрази министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, од Драч и Тирана.

Шефот на грчката дипломатија се сретна во Тирана со претседателот на Албанија, Илир Мета, а по средбата рече дека Грција има големо искуство со земјотреси, две грчки спасувачки единици се веќе во Албанија.

– Подготвени сме да помогнеме на кој било начин, за која било помош и да е потребна од Европската унија, но и генерално. Господине претседателе, дозволете ми да изразам сочувство кон народот во Албанија и надеж дека ќе се вратам во Тирана по подобри услови, рече Дендиас по средбата со Мета.

Шефот на грчката дипломатија, претходно, заедно со премиерот на Албанија, Еди Рама, беа на местото каде што интервенираа грчките спасувачки единици, односно за пронаоѓање граѓани од урнат објект во Драч.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов