Дендиас и Захариева разговарале за ЕУ перспективата на Западен Балкан

Од:

Европската перспектива на земјите од Западен Балкан, била една од темите за кои разговарале шефовите на грчката и бугарската дипломатија, Никос Дендиас и Екатерина Захариева, во нивниот телефонски разговор, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пресрет на Самитот на ЕУ следната седмица, министерот за надворешни работи на Грција изминативе денови е во континуирани контакти со неговите европски колеги, а телефонските разговори, од грчкото МНР, но и самиот Дендиас, ги соопштуваат преку „Твитер“.

-Телефонски разговарав со заменик- претседателката на Владата и министерка за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева во пресрет на Самитот за надворешни работи на ЕУ и Европскиот совет. Детална дискусија за последните случувања во Источниот Медитеран и поширокиот регион. Ви фокусот, исто така и ЕУ перспективата на Западен Балкан, напиша Дендиас на „Твитер“.

Би можело да ве интересира

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски