Демуренко – првиот сведок на одбраната на Караџиќ

Од:

Првиот сведок на одбраната на Радован Караџиќ ќе биде поранешниот началник на Генералштабот на УНПРОФОР во секторот во Сараево, рускиот полковник Андреј Демуренко.

Поранешниот претседател на Република Српска доказите за својата одбрана треба да започне да ги изнесува од 16. oктомври.

Рускиот полковник, кој во моментот е во пензија, треба да сведочи за својата истрага после масакрот на пазарот „Маркале“ во Сараево, 1995 година. Тој тврди дека гранатата од која загинаа 43 лица, а беа повредени 75 лица, не можела да биде испукана од српските позиции и дека не му било дозволено да го обелодени својот извештаj, ниту пак да го поднесе на својот тогашен командант.

Пензионираниот Демуренко, на судењето на поранешниот командант на сараевско – романијскиот корпус Драгомир Милошевиќ, рече дека „најверојатно зборуваме за терористички акција на силите од територијата контролирана од страна на Армијата на Босна и Херцеговина, со цел да се предизвика НАТО да ги бомбардираат српските позиции“.

По него, на клупата за сведоци од одбраната во октомври би требало да се појават уште 15 сведоци, вклучувајќи ги и воениот набљудувач на ОН, Пол Конвеј, членовите на УНПРОФОР: Џон Расел, Мишел Готије и полковникот Стефан Жудри.

Караџиќ има 300 часа за да ја изнесе својата одбрана, исто како и обвинителството кое во мај годинава го изнесе својот последен сведок.

Поранешниот претседател на Република Српска е обвинет од страна на Хашкиот трибунал за геноцид, злосторства против човештвото и кршење на законите и обичаите на војната во Босна и Херцеговина од 1992 година до 1995 година.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати