Демостат: Во Србија конфузија и недоверба на информациите за корона

Од:

Во услови кога Србија бележи нов црн рекорд на заразени со коронавирусот, или 1545 колку се регистрирани денес, според истражувањето на Демостат кај граѓаните постои голема недоверба на информации за коронавирусот што ги даваат надлежните актери, а довербата е поголема од недовербата само во случај на лекарите и научниците. Ова доведува до конфузија, па значителен процент сметаат дека мачките што се чуваат во домовите штитат од оваа зараза или „мислат дека има нешто во таквото тврдење.

-Процентот кој им верува на лекарите и научниците е 44 отсто, наспроти 14 проценти кои не им веруваат, додека останатите се неодлучни, изјави социологот Среќко Михаиловиќ, на презентацијата на истражувањето на Демостат направено кон средината на септември, на примерок од 1.200 испитаници.

Како што покажа истражувањето, недовербата во претседателот Александар Вучиќ, кога станува збор за короната, изнесува 39 отсто, 31% му веруваат, а 35 проценти изразија недоверба во Кризниот штаб-наспроти 30% кои имаат доверба, а во владата недоверба имаат 41 отсто, наспроти 26 процент кои имаат доверба.

-Најмала доверба граѓаните имаат во медиумите кои информираат за короната – 19 отсто, наспроти 36 проценти кои имаат недоверба, кажа Михаиловиќ, нагласувајќи дека процентот на лица што имаат недоверба и кај неутралните е „катастрофален“.

Истражувањето покажа дека 10 отсто од испитаниците не се придржуваат до мерките за заштита, додека половина од нив доследно ги спроведуваат, додека половина како кога.

Според истражувањето на Демостат, една четвртина од испитаниците сметаат дека маските не спречуваат нормално дишење, додека 40 проценти мислат поинаку, што е последица на недостаток на јасни и униформни ставови на властите.

На прашањето дали би ја примиле вакцината за корона доколку е достапна и бесплатна, половина од испитаниците изјавиле дека сакаат, 31 отсто дека не сакаат, додека 17% се неодлучни, што, како што процени Михаиловиќ, го покажува поразителниот факт колку не и се верува на науката.

На прашањето дали ја почитуваат физичката оддалеченост, тој изјави дека 54 отсто одговориле дека го прават тоа, 11% дека не го прават, а 35 отсто одговориле со да и не.

Две третини од испитаниците одговориле позитивно дека секогаш носат маска таму каде што има многу луѓе, а 11% дека тоа не го прифаќаат.

-Педесет и седум проценти од испитаниците изјавиле дека не веруваат дека мачката во куќата штити од корона, додека 6 проценти веруваат во тоа. Донекаде дека е тоа точно, како и дека не знаат одговориле 29 и 8 проценти, што значи дека 37 проценти се неодлучни, кажа Михаиловиќ.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов