Демонстрантите во Косово бараат смртна казна за 5 момчиња осомничени за силување девојче

Од:

Илјадници граѓани на Приштина со денови протестираат поради силувањето на 11-годишното девојче во Косово. Злосторството се случило минатата сабота кога пет лица силувале 11-годишно девојче од Приштина. Косовските медиуми јавуваат дека девојчето било силувано од 17:30 до 00:30 часот во еден од градските паркови.

Демонстрантите бараат смртна казна за силувачите, од кои четворица се малолетни.

Еден од осомничените за силување е 26-годишниот Екрем Реџепи. Приведени се и неговиот малолетен брат и уште три малолетници. Тие добија едномесечен притвор.

Протестите во Приштина беа организирани од невладини организации кои се занимаваат со заштита на жените во Косово. Една од организаторите, Трина Бинаку, рече дека силувањето на 11-годишното девојче било симбол на косовскиот „патријархален систем“.

Бинаку им рече на толпата дека протестите ќе продолжат се додека владата не воведе ефективни мерки за казнување на родовото насилство.

Шефот на косовската полиција поднесе оставка поради, како што вели, професионалната совест во врска со овој случај.

Би можело да ве интересира

Скопјанец во МВР пријавил дека била силувана неговата малолетна внука

Скандал во Премиер лигата: Уапсени двајца фудбалери поради силување

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

МВР: 26-годишен маж сакал да силувала 68-годишна жена

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов