Демонстрантите во Истанбул одбиваат да се повлечат од паркот Гези

Од:

Демонстрантите кои го „окупираа“ паркот Гези на истанбулскиот плоштад Таксим, одбија да се повлчеат и покрај „последното предупредување“ на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган упатено до нив.


– Ние ќе останеме во паркот Гези заедно со нашите шатори, со нашите вреќи за спиење, со нашите песни, со нашите книги, со нашите поеми и со сите наши барања, изјави денеска адвокатот Џан Аталај, говорејќи на прес-конференција во името на движењрто „Солидарност за Таксим“, кое е главен координатор на протестите во Истанбул.


Ердоган денеска се закани дека властите ќе го расчистат истанбулскиот плоштад Таксим од, како што рече, „прекршителите на законот“.


– Плоштадот им припаѓа на луѓето од Истанбул, на луѓето од целата земја и на посетителите од странство. Затоа нема да дозволиме прекршителите на законот да се шеткаат слободно по плоштадот, изјави Ердоган во обраќање пред градоначалниците од неговата владејачка исламистичка Партија на правдата и развојот (АКП) .


Предупредувањето на Ердоган доаѓа само еден ден откако АКП предложи план за одржување референдум за проектот за реконструкција на паркот Гези, кој беше повод за старт на масовните протести во Турција.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Турција, кај Анталија се тресеше со јачина од 4,8 степени

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес ја погоди Турција

ВИДЕО: Полета првиот турски борбен авион од 5-та генерација

Силен земјотрес ја погоди Турција

Горан Наумовски

Несреќа во рудник за злато во Турција: Најмалку девет рудари се затрупани

(ВИДЕО) Пукање во Истанбул, шестмина повредени: напаѓачите се убиени

Катерина Ѓуровски