Демонстрантите со ултиматум до Рама или исполнување на барањата до петок или оставка

Од:

Во Тирана, пред владата, како и во други градови во Албанија денеска, шести ден по ред се одржаа протести против поскапувањето на горивата и продуктите во потрошувачката кошничка.

Демонстрантите соопштија три барања до премиерот Еди Рама и предупредија дека доколку до сабота не се исполнат ќе бараат негова оставка.

-Првото барање се однесува на укинување на данокот на промет на нафтата и нафтените деривати, второто на привремено укинување на акцизата на горивата и третото се состои од донесување закон за егзистенцијален минимум. Утврдениот рок е до 18.03.2022 година. Доколку не се стори тоа, барањата се преточуваат во оставка на Рама и отворање на трката во Социјалистичката партија за нов премиер, рекоа организаторите.

Според нив „пакетот за социјален отпор што го донесе владата не е вистинската мерка“ бидејќи дел од населението е заобиколен, затоа ги повикаа граѓаните да се „обединат на секој плоштад“.

Најавија дека секој ден ќе се собираат во 17 часот а во сабота ќе организираат национален марш.

Протестите на граѓаните почнаа веднаш по поскапувањето на прехранбените производи и горивата. Пред три дена Националниот одбор за менаџирање со снабдувањето горивата, кој одлучува и за нивната цена, ја намали цената на нафтата од 260 на 217 лека за литар.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

Орце Костов

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Протест за измени на законот за заедничко старателство по развод