Демонстранти ја блокираа зградата на бугарската влада поради обновување на преговорите со Гаспром: „Ова не е Москва“

Од:

Протестот на граѓанското здружение Боец започна пред зградата на бугарската влада, јавува дописникот на МИА од Софија. Извикувајќи „Ова не е Москва“, демонстрантите застанаа пред централниот влез на Советот на министри во знак на протест поради обновените преговори на преодната влада на Бугарија со руската енергетска компанија Газпром.

Тие подигаат шатори во центарот на Софија и ќе го блокираат влезот на владината зграда во пресрет на редовниот состанок на бугарската влада, кој е секој четврток. Зградата на бугарската влада е опколена со полициски кордон. Демонстрантите имаат намера да блокираат еден од централните булевари што минува во близина на претседателската администрација и зградата на бугарската влада. Во исто време, вршителот на должноста премиер на Бугарија Галаб Донев за БТВ изјави дека преговорите со Гаспром се водат само за исполнување на постоечкиот договор за снабдување со гас за неговата земја, кој е до 31 декември. Тој рече дека преодната влада не води разговори за нов договор со руската енергетска компанија, Донев не коментираше со кого преговара неговата земја во Москва, туку само кусо одговори дека тоа е на високо ниво.

Донев беше категоричен дека преодната влада на Бугарија не прави геополитички пресврт кон Русија на тема енергетска независност.

Донев рече дека неговата влада ќе се обиде да го финализира договорот со Гаспром за испорака на руски гас за Бугарија. Во тек се преговори за презакажување на неискористените испораки во зима за да го покријат периодот до 2023 година и да го исполнат она што Бугарија е договорно обврзана да го добие.

Бугарија презеде чекори за да обезбеди Гаспром да го исполни својот договор. Работиме на тоа да се исполни сето она што Гаспром го има како обврски според договорот“, рече Донев. Претседателот на Бугарија Румен Радев вечерва имаше телефонски разговор со претседателот на Азербејџан Илхам Алиев. Двајцата разговарале за испораката на гас за Бугарија од Азербејџан.Радев во разговорот високо ја ценел посветеноста на неговиот азербејџански колега Алиев за плодната соработка во изградбата на интерконекторот меѓу Бугарија и Грција. Главното прашање кое го поставуваат тамошните електронски медиуми е како бугарската влада ќе му исплати на Гаспром во руски рубљи, без разлика во каква состојба е Москва, или во евра или американски долари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

Орце Костов

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Протест за измени на законот за заедничко старателство по развод

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори