Демократскиот сојуз на Косово ги собра потписите за гласање за доверба на Владата

Од:

Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) објави дека ги собрал потребните потписи за гласање за доверба за владата на Албин Курти и најверојатно во текот на денов ќе ги предаде до Собранието со барање за свикување вонредна пленарна седница, јави дописникот на МИА од Приштина.

Информацијата за агенцијата КосоваПрес ја потврди шефот на пратеничката група на ЛДК Арбен Гаши, нагласувајќи дека до крајот на работното време на Собраниските служби ќе се чека евентуална реакција од Курти, а доколку ја нема, ќе се започне процедурата за вонредна седница.

– Потписите се собрани и верувам дека, ако нема некое придвижување од премиерот Курти, на крајот на рабтното време ќе ги доставиме. Сé што јас можам да потврдам е дека се собрани повеќе потписи одошто е потребно, изјави Гаши.

Лидерот на ЛДК Иса Мустафа денеска му порача на премиерот дека ќе се откаже од растурањето на коалицијата доколку ја повлече одлуката за разрешување на Агим Велиу од функцијата министер за внатрешни работи, се извини на ЛДК поради прекршување на коалицискиот договор и веднаш ја укине таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, како што бараат Соединетите Американски Држави.

– Вие знаете дека господинот Мустафа му пружи можност на господинот Курти и тоа веќе не зависи од нас, изјави шефот на пратеничката група на ЛДК.

За да се свика вонредна седница за гласање доверба на владата потребни се потписите на 40 пратеници во Собранието на Косово, кое брои 120 члена. ЛДК, која и натаму е дел од владината коалиција, има 28 пратеници, меѓутоа најавено е дека четворица од нив нема да гласаат за недоверба на кабинетот на Курти.

Според досегашните информации, за уривање на Курти ќе гласаат 13 пратеници на Алијансата за иднината на Косово (ААК) и шестмина од коалицијата Социјалдемократска иницијативе (Нисма) – Алијанса ново Косово (АКР), сите тие сега во опозиција. Најголемата опозициска партија, Демократската партија на Косово (ПДК), која има 24 пратеници, се уште не се изјаснила дали ќе ја подддржи иницијативата на ЛДК.

До криза во коалицијата меѓу ЛДК и ВВ дојде откако премиерот Курти во средата, на 18 март, го разреши министерот за внатрешни работи и јавна администрација Агим Велиу.

Би можело да ве интересира

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски