Демократската партија на Косово ја поддржа иницијативата за уривање на Владата на Курти

Од:

Лидерот на најголемата косовска опозициска партија, Демократската партија на Косово (ПДК), Кадри Весели ја поддржа иницијативата покрената од Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), кој се уште е дел од владејачката коалиција, за гласање недоверба за кабинетот на премиерот Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина.

Нагласувајќи дека неговата партија не е дел од сценариото за смена на власта, Весели на вечерашната прес-конференција изјави дека премиерот Курти „бега од одговорностите и самиот си ја запечати сопствената судбина“.

– Ова бегање, на ваков начин, е недостојно, затоа што не се бега кога траба да се бориш за твојот народ. Меѓутоа, како што се чини, бегањето е работата која овој премиер најдобро ја знае, изјави Весли.

Косовскиот опозициски лидер го обвини актуелниот премиер дека ѝ нанесува големи штети на државата, со расипување на односите со најзначајниот сојузник на Косово, Соединетите Американски Држави.

– Не можеше да има поинаков крај една влада и еден премиер кои во толку кратко време, за помалку од два месеци откако се на власт, успеаја екстремно да го загрозат сојузништвото кое е од животно значење за Косово, кои не успеаја да понудат развојна програма за очекувањата на граѓаните и создадоа толку контроверзии во самите себе во еден толку краток период, изјави Весели.

Тој ги обвини партнерите во владината коалиција дека „политичката борба им стана приоритет над заедничката борба против коронавирусот“.

– Со право граѓаните се иритирани од политиката во Косово. Ова го потврдува последниот чин на владината коалиција, во време на пандемија. Да се предизвика криза заразди лични сметки, тоа претставува институционална неодговорност. Тоа е недостиг на елементарна хумана одговорност и национална штета, изјави Весели.

Демократскиот сојуз на Косово денеска во Собранието поднесе иницијатива за вонредна седница на која ќе се гласа за недоверба на Владата водена од лидерот на нивниот коалициски партнер, Движењето Самоопределување (ВВ), Албин Курти.

Конфликтот меѓу владините партнери настана откако Курти во средата, на 18 март, го разреши министерот за внатрешни работи и јавна администрација од редовите на ЛДК Агим Велиу, по што ЛДК објави дека ќе ја растури коалицијата и го собра потребниот број потписи од пратениците во Собранието на Косово за гласање недоверба на Владата.

Лидерот на ЛДК Иса Мустафа денеска порача дека ќе се откаже од намерата за растурање на коалицијата доколку премиерот ја повлече одлуката за разрешување на Велиу, се извини на ЛДК заради прекршување на коалицискиот договор и веднаш ја укине таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, како што упорно бараат САД.

Откако Курти не одговори на барањето на Мустафа, ЛДК ја поднесе во Собранието иницијативата за уривање на Владата.

Би можело да ве интересира

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски