Демирташ: Насилството во југоисточна Турција ќе го отежне спроведувањето на изборите во земјата

Од:

Зголемувањето на насилството во југоисточна Турција по прекинот на примирјето меѓу турската Влада и курдските бунтовници ќе го отежне спроведувањето на изборите на 1. ноември, изјави лидерот на прокурдската Демократска партија на народите Селахатин Демирташ, цитиран од британските медиуми.

-Одржувањето на изборите станува невозможно, ако се има предвид безбедносната ситуација во регионот, рече Демирташ на прес конференција во југоисточниот турски град Дијарбекир.

„Сакаме да има избори и не кажуваме дека изборите не може да се одржат, но сакаме условите во регионот за време на изборите да бидат подобрени“, посочи лидерот на ДПН.

Во југоисточна Турција, во која главно живеат Курди, од јули речиси секојдневно има судири меѓу борците на Курдската работничка партија (ПКК) и силите за безбедност.

Конфликтот го прекина процесот за мирно надминување на курдското прашање меѓу турската Влада и лидерот на ПКК, Абдула Оџалан, што беше почнат кон крајот на 2012 година.

Министерот за финансии Мехмет Шимшек изјави дека политичката нестабилност претставува најголемиот ризик за турската економија.

Судирите меѓу борците од ПКК и силите за безбедност се зголемија во предизборниот период.

На 1. ноември во Турција ќе се одржат предвремени парламентарни избори, на кои Партијата на правдата и развојот (АКП) се надева да си го поврати еднопартиското владеење.

По обновувањето на конфликтот со ПКК, во јули, над 100 припадници на турските сили за безбедност се убиени, се дознава од информации на владини претставници и на силите за безбедност.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган пред извесно време изјави дека околу 2.000 борци на ПКК биле убиени во антитерористичките операции на југоистокот на земјата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ