Демант на бугарската Амбасада во Белград: Не е точно дека кај нас во млекото е дозволено 0,5 мг/кг алфатоксин

Од:

Амбасадата на Бугарија во Белград демантираше денеска дека во Бугарија е дозволена концентрација на алфатоксин во млекото од 0,5 микрограми по килограм, како што изјави српскиот министер за земјоделие Горан Кнежевиќ.

Во соопштение се истакнува дека Бугарија строго се придржува и применува Регулативи на ЕУ.

– Во согласност со тие регулативи (од 2006 година), дозволената количина на алфатоксин во млекото на бугарскиот пазар е 0,05 микрограми по килограм млеко, се вели во соопштението до бугарската Амбасада во Белград.

Владата на Србија одлучи да промени правилник за дозволена концентрација на алфатоксин во млекото и горната граница од сегашните 0,05 мг/кг. ја зголеми на 0,5.

Министерот Кнежевиќ наведе дека две третини од државите во светот меѓу кои и Бугарија имаат прописи кои дозволуваат присуство до 0,5 мг/кг.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов