Делумните предвремени избори за градоначалници Албанија ќе ја чинат околу 1,5 милиони евра

Од:

Предвремените избори за градоначалници во шест општини Албанија ќе ја чинат околу 1,5 милиони евра а правото на глас треба да го остварат над 648.000 гласачи.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Централната изборна комисија Илиријан Челибаши рече дека во овие шест општини ќе се применува електронска идентификација а во Вора ќе биде применето електронско гласање.

-Имаме искуство во Тирана. Целта е да се примени електронско гласање на изборите во општина Вора, но за тоа ќе разговараме со политичките партии. Во шесте општини ќе се гласа на 940 гласачки места а во единствениот избирачки список се запишани 648.536 лица со право на глас, рече тој.

Претседателот Илир Мета на шести месецов потпиша уредба со која ги закажа дополнителни избори во општините Скадар, Драч, Пешкопеја, Вора, Рогожина и Лушња.

Уредбата на Мета доцни, бидејќи Изборниот законик предвидува избори да се одржат „најдоцна 45 дена од денот на известувањето за престанокот на мандатот“.

Доцнењето тој го аргументираше со чекањето одлука на Уставниот суд за уставноста на локалните избори од 30 јуни 2019 година, кои тој ги закажа, за овој, а потоа, на четврти јуни, кога веќе беше почната кампањата, ги презакажа за 13 октомври. Истите ги бојкотираше опозицијата, па од 61 општина во 60 градоначалници беа избрани од редовите на владејачките социјалисти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Средба Вархеји- Џачка

Ана Ололовска

Албанија: Нема кандидатура за претседател, утрешниот прв круг на гласање пропадна

Албанскиот Парламент гласаше против усвојување резолуција за признавање на геноцидот во Сребреница

А1он

Конференцијата за одржлив развој на туризмот во Тирана: Ни треба регион отворен за нови пазари и иновативни идеи

Ана Ололовска

Финалето на Конференциската лига ги „полуде“ цените во хотелите во Тирана, ноќевање чини од 303 до 1.900 евра

А1он

Рама повтори дека СПАК треба да почне истрага за Бериша

А1он