Делта-сојот го зголеми бројот на новозаразени со Ковид-19 во Словенија 45 посто

Од:

Поради забрзаното ширење на позаразната делта варијанта на коронавирусот, бројот на новозаразени во Словенија оваа недела е за 45 проценти поголем од претходната и највисок во последните седум недели.

Во последните 24 часа тестирани се 1.673 граѓани на Словенија, од кои 135 се позитивни, т.е. 8,1 проценти, што е за цел процент повеќе од претходниот ден, пренесува агенцијата СТА.

Динамиката на заразување во период од две недели во моментов изнесува 48 случаи на 100.000 жители, а бројот на активни случаи во Словенија денеска е 1.044, се вели во соопштението на Националниот институт за јавно здравје.

Би можело да ве интересира

Словенија воведе задолжителна вакцинација за сите вработени во државната администрација

Катерина Павлова-Николовска

Невакцинираните словенечки војници се жалат на дискриминација

Словенија ги заострува мерките за влез во земјата

Словенија до есен планира да вакцинира 90 отсто од граѓаните

Словенија ги менува критериумите за влез во земјата

Од утре Словенците ќе можат да избираат вакцина со која ќе се имунизираат