Делегацијата на СЕ: Изборите од јуни ја ослабија демократијата во Албанија

Од:

Изборите на 30-ти јуни во Албанија не беа промотори или придонесувачи за зајакнување на демократијата во земјата, се наведува во заклучокот на делегацијата на Конгресот на локалните и регионалните власти на Советот на Европа.

За жал, изборите во 2019 година не беа промотори на зајакнување на локалната демократија во Албанија.

Опозицијата и Владата не смеат да останат рамнодушни на таквата состојба и треба да дејствуваат одговорно, според нивната улога во еден демократски процес, со цел да се обезбедат плуралистички избори за гласачите, како на локално,така и централно ниво, изјави претседател на Регионалниот дом на конгресот, Гун-Марит Хелгесен.

Делегацијата престојуваше во дводневна посета на Албанија во врска со локалните избори на 30-ти јуни и се очекува по оваа посета да објави сеопфатен извештај за ова прашање.

Осврнувајќи се на ситуацијата што уследи по јунските локални избори, кои ги бојкотраше главната опозиција, претседателот на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа, Аднерс Кнапе, потврди дека Албанија треба да ги следи чекорите на реформите.

Зајакнувањето на дискусијата помеѓу централната и локалната власт и борбата против корупцијата се од особено значење за Конгресот во овој поглед, рече Кнапе.

Според “Ора њуз”, делегацијата престојувала во Тирана по барање на претседателот Илир Мета, со цел да соберат факти за состојба без преседан, откако на локалните избори од вкупно 61 општина во земјата победија кандидатите на владејачката “Социјалистичка партија”, додека пак во 31 општина во трката за градоначалник бил само по еден кандидат од “ПС”.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија