Делегација на Венецијанската комисија пристигна во Тирана, првата средба со опозицијата

Од:

Делегација на Венецијанската комисија престојува во Тирана во рамки на подготовката на мислењето за надлежностите што претседателот Илир Мета ги има во изборните процеси.

Првата средба ја имаше со претставниците на вонпарламентарната опозиција,Оерт Булугбаши од Демократската партија и Клајда Ѓоша од Социјалисичкото движење за интеграција.

Во изјава по средбата тие го обвинија Парлментот и премиерот Еди Рама дека „сакаат Венецијанската комисија да ја втурнат во срамната игра на зграпчување на целата власт”.

-Венецијанската комисија пристигна по покана на Парламентот за да прибере сознанија и да даде мислење околу срамната процедура за разрешување на претседателот,што Парламентот ја почна. Ова е обид на Владата, во недостиг на Уставен суд, Парламентот да ги вовлече Венецијанската комисија и Советот на Европа во срамна игра за да ја зграпчи целокупната власт, вклучувајќи го и претседателот на државата. Кажавме дека Уставот е сосема јасен, а тоа е дека претседателот се разрешува само ако направил тешка повреда на Уставот. Напротив претседателот Мета настојува да гарантира слободни и фер избори,единство на народот и плурализам во Албанија. Парламентот се обидува да го разреши претседателот и во таа игра настојува страна да ги направи и меѓународните претставници, рече Булугбаши.

Според Ѓоша ова пршање е без преседан,уште повеќе за земја која сака да биде членка на Европската унија.

– Во клучен момент кога владата треба да се фокусира во исполнувањето на условите за отворање преговори се занимаваме со едно тешко прашање и за угледот на државата, уште повеќе да бараш и да ги покануваш меѓународните институции за да решаваат прашање за да се покрие лошото владеење во целиот овој период и извештај на ОБСЕ/ОДХИР во кој стои дека изборите во Албанија се без стандарди и далеку од земја претендент за член на ЕУ,изјави Ѓоша.

Делегацијата ќе се сретне и со координаторот на пратеничката група на владеачката Социјалистичка партија,Таулант Бала, претставници на новата парламентарна опозиција,потоа со спикерот на Парламентот, Грамоз Ручи,со премиерот Рама,претседателот Мета,како и со единствениот уставен судија, Виторе Туша.

Делегацијата доѓа по барање на албанскиот законодавен дом, а завршното мислење ќе го даде на 12 октомври.

Би можело да ве интересира

Во својство на претседавач на ОБСЕ, Рама во посета на Украина

Ана Ололовска

Земјотресот ја принудува албанската Влада да издаде еврообврзница од 560 милиони евра

Ана Ололовска

Албанија го држи рекордот во регионот по бројот на затвореници на 100.000 жители

Ана Ололовска

Баша: Псевдо-тужба на Рама против Харадинај, грда анти-национална перверзност

Ана Ололовска

Стејт департментот ја поздрави одлуката на Албанија да протера ирански дипломати

Ана Ололовска

Албанската полиција откри група од 38 имигранти

Ана Ололовска